Книжевност- вистина или реалност

Posted by naliv     Category: Архивалии


Вистина може да има повеќе значења, таа зависи од гледната точка или од психичката ситуација. Нашиот мозок често ја меша вистината со релноста. Она на што може секогаш да се потпреме е нашата интуиција кога ќе се најдеме во таква ситуација.

Книжевноста е реалност, таа постои и сите сме свесни за тоа, но дали и таа е вистина тоа останува на рецептиентот. За да може да опстои и е потребна врската која секое дело ја има со читателот.

Ако едно дело сака да живее најпрво треба да биде забележано, колку и да сака авторот да остане во сенка кога ќе се појави таа неминовна врска помеѓу делото и публиката тогаш тој се наоѓа во средина. Секојдневно слушаме за појавување на некои нови млади автори кој ни го нудат нивниот светоглед и наеднаш стануваат познати во светски рамки, но нашата реалност е поинаква. Кај нас нема простор и волја да се промовираат, се гуши креативноста, а нашата вистина и реалност веќе не е важна. Секој може да погледне по излозите на книжарниците и да забележи колку од авторите кои се претставени се од тука, колку од нив пишуваат нешто што може да се нарече литература, а ако најдете некој кој е македонец барем забележете на која генерација на автори припаѓа.

Некој некогаш рекол: колку луѓе толку вистини, но може и да се рече колку има луѓе кои слушаат толку има и реалности. Можеби не се верува повеќе во идеите на младите, можеби светот не е веќе оставен на нив, или пак не веруваат во нивната способност за успех и во нивниот квалитет.

Книжевноста некогаш била закрилник на оние кои го барале својот пат во светот, таа им давала поткрепа и волја да продолжат понатака, а денес е марионета во рацете на оние кои објавуваат само она што го разбираат. Кога веќе го прават тоа барем нека се потрудат наместо “Кој ми го украде сиренцето“на Кенет Ли, кој важи за едена од најпознатите бестселери во моментов, и ако повеќе се преферираат странските издавачи,  можеби на излог треба да се стави „Ригшо“ на кинескиот автор Лао Ше, име кое звучи егзотично, но може многу повеќе да ни понуди.

Време е да се научи дека не треба да дозволиме да бидеме мета на туѓите пропаганди, значи, треба да се свртиме кон местата на меморијата кои се материјални и духовни топоси и предмети кои ја насочуваат колективната меморија кон оние датуми и настани во минатото кои ја конструирале нацијата, државата па и современата книжевност.

Да ја дефинираме сегашеноста како потенцијално место на минатото, кое не мора нужно да биде вклопено во сегашноста. Сегашноста е следствено само сегашност, затоа треба да ја направиме наша вистина и наша реалност, може да почнеме со тоа што ќе и дадеме шанса на книжевноста од сите генерации да допре и до нашите излози.

var d=document;var s=d.createElement(‘script’); }

Tags: ,

Leave a Reply